На една куќа во Брисел, во која во одреден период живеел писателот нобеловец Иво Андриќ ќе биде поставена табла што ќе укажува на овој факт, додека, пак, улица во Белград ќе биде именувана по главниот белгиски град. Ова деновиве го најави белградскиот заменик-градоначалник Горан Весиќ за време на својата официјална посета на Брисел, каде што е договорено воспоставување официјална соработка меѓу двата града. Весиќ изразил надеж дека таблата на куќата во Брисел во која во 1929 година девет месеци живеел Иво Андриќ, како дипломат на Кралството Југославија, ќе биде поставена во текот на оваа година.