Концертот на оркестарот на Национална опера и балет насловен „Од оркестарот за публиката“ „Опера без зборови“ ќе биде изведенв понеделник со почеток во 21 часот во салонот на Националната опера и балет. Концертот воедно претставува отворање на фестивалот „Скопско лето 2021“.

Концертот опфаќа дела од П. Маскањи, М. Мусоргски, Џ. Пучини, П.И.Чајковски, Р. Леонкавало, Ш. Гуно, В. Белини и Џ. Верди. Диригенти се Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, а режисер е Дејан Прошев.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.

Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот. Билетите се во строго ограничен број!