„Постварување“ е насловот на тематската изложба на уметникот Сотир Хаџи Николов, која е отворена во ликовната галерија при центарот за култура „Марко Цепенков“ и содржи слики и објекти.

Магдалена Стојмановиќ ќе посочи дека „со прикажаното творештво авторот прави поимно врзување со ликовното и на смисловно адекватен начин со уникатни средства говори за постварувањето, феномен што е длабоко вкоренет во модерните општества, кој особено го засега поединецот од современието во западниот културно-политички контекст.

Сотир Хаџи-Николов, кој е од Гевгелија, дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот сликарство. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Гевгелија, како и на центарот „Мултимедија“ во истиот град. Учествувал на симпозиуми во Македонија, Бугарија, Турција, Грузија, како и на повеќе групни изложби.