Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово е отворена изложбата на дела од 23 современи ликовни уметници од Хрватска насловена – ликовен круг „Похижек“. Изложбата се реализира во организација и соработка на домот на култура „Кочо Рацин“ од Скопје, Заедницата на Хрватите на Р. Македонија и центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

– Станува збор за дела од колекцијата на Стјепан Похижек, кој низ годините има собрано над 3.000 дела купено или, пак, добиено на подарок од многубројни академски сликари, уметници, но и од уметници аматери. Уметниците, нивните слики и Похижек го формираат ликовниот круг „Похижек“. Од фундусот на собраните слики Похижек подготвува изложби за промовирање на хрватските уметници и уметноста воопшто – информира в.д. директорот на кумановскиот центар за култура „Роберт Цветковски“.

На изложбата ќе бидат презентирани дела од: Живко Топлак, Бранка Копети, Марија Чукељ, Маја Вукина Боговиќ…