Сликата на познатиот британски уметник Лусијан Фројд, „Портрет на бела прекривка“, е продадена за 29 милиони долари на аукција во куќата „Стоби“ во Лондон. Фројд, кој почина во 2011 година, оваа слика, односно женски акт, ја насликал кога имал 80 години. На неа е прикажана Софи Лоренс, работничка во галеријата „Тејт“, која Фројд ја запознал кога работела на ретроспективата на неговата кариера во 2002 година.

Лусијан Фројд, инаку внук на основачот на модерната психоанализа Сигмунд Фројд, славата ја стекна сликајќи актови и автопортрети, меѓу кои е познат оној од 1993 година, на кој е насликан гол старец како мавта со четка како со оружје. Во текот на последните години неговите дела достигнаа астрономски суми, а портретот наречен „Дебелата Сју“ достигна цена од 33,6 милиони долари на аукција во Њујорк во 1995 година.