­Иако е нашироко прифатено дека на една од најпознатите слики на светот, „Крик“ на Едвард Мунк, е претставен човек што вреска, делото воопшто не го прикажува тоа, тврдат од Британскиот музеј.

Имено, на сликата е човек што ги затвора ушите додека се слуша некакво врескање. Музејот ќе изложи редок црно-бел принт на делото во рамките на најголемата колекција на дела на Мунк во Британија.

– Ретката верзија на „Крик“ што ќе ја изложиме јасно покажува дека најпознато дело на Мунк претставува човек што слуша врескање, а не, како што многумина претпоставуваат, човек што самиот вреска. Сепак, не знаеме дали тој крик, чиј и да е, е вистински или психолошки – вели кураторката Џулија Бартрум.