На лондонскиот плоштад „Трафалгар“ е поставена нова скулптура што ги претставува „ароганцијата и претстојниот колапс“. Станува збор за најновата инсталацијата на Хедер Филипсон, која го носи името „Крај“, и претставува шлаг со цреша на врвот, дрон и две муви. Делото е планирано да остане на еден од столбовите на плоштадот до 2022 година. Уметницата открива дека имала „измешани емоции“ за откривањето на „дистописката“ скулптура.
– Сега е чудно време да се стори што било. Но исто така, изгледаше како и никогаш да нема да дојде вистинско време, па можеби и беше вистинското време само да се дозволи да се случи тоа – продолжува Филипсон.

Филипсон посочува дека скулптурата не мора да биде „песимистичка“, туку може да биде „шанса за радикални промени“.
– Сè уште сме во состојба на колапс – вели Филипсон, нарекувајќи го уметничкото дело „надежно“.
Скулптурата го замени делото на уметникот Мајкл Раковиц – рекреацијата на заштитно божество уништено од Исламска држава во Ирак. Претходно тука биле поставени и скулптурата на Марк Квин на бремената Алисон Лапер и намалената реплика на бродот „ХМС Виктори“ поставен во стаклено шише, дело на Јинка Шонибаре. Антони Гормли го создаде делото „Еден и друг“ во кое луѓето – вклучувајќи и човек што позираше гол – чекаа ред за да поминат еден час седејќи на столбната плоча.