Во организација на МЛД „Кочо Рацин“ во Мелбурн се одржа литературното читање. Според организаторите, во текот на свеченоста била вознесена убавината на македонскиот пишан збор преку делата на членовите но и од други македонски писатели од Австралија и Македонија.

Истоа така биле прочитани стихови и извадоци од книги на членовите: Крсте Наумовски Мечкар, Нове Младеновски, Гордана Димовска, Дона Димовски Кантаровски, Снежана Џамбазова Попорданоска, Емил Попорданоски, Вера Горгиевска, Љупчо Крстевски, Стеван Ацески, Андон Дончевски, Лидија Стојаноска, Стефани Стојаноска, Љубица Поповска, Душан Ристевски, Иван Трпоски, од наши колеги од МЛД „Ванчо Николески“, Квинбијан, Ванѓелко Лозаноски, од Анте Поповски, Блаже Конески, Ниче Димовски, Михаил Ренџов и многу други.

Во знак на почит кон пораншната сега покојна Виолета била прочита и нејзината поема. Кон присутните се обратил и македонската легенда Андон Дончевски кој ја истакна работата на литературното друштво како значајна и корисна за Македонската заедница и чии дела ќе бидат богатство во македонската литература.

Поводот за одржување на овој настан беше светскиот Ден на книгата 23 април. Уште во далеччната 1923 година во Шпанија, продвачите на книги се договориле наместо цвеќиња да разменуваат книги и на тој начин да им се укаже чест на двајца големи писатели, Мигел Де Сервантес и Вилијам Шекспир кои умреле на 23 април.

Во оваа прилика Гордана Димовска истакна: „Литературата е вистинско трајно богаство и голем допринос во светската литература. Постоиме 6 години и неуморно работиме на афирмација на македонскиот јазик и литература и понатаму ќе ја поттикнуваме свеста за неговата значајност.“

Патрон на МЛД „Кочо Рацин“ е Коста Солев Рацин, една од најистакнатите интелектуалци што го дала Македонија во периодот меѓу двете светски војни. Тој на најавтентичен начин го отслика животот на Македонците во времето во кое живееше. Затоа останува засекогаш врежан во меморијата на генерации Македонци во светот.