Театарот за деца и младинци почнува подготовки за првиот македонски мјузикл за деца „Земја во која не се стигнува“ според текст на Оливера Николова, музика за деца компонирана од Александар Џамбазов и во режија на Виолета Џолева.

Музички продуцент е Александар Митевски, кореографка е Кренаре Невзати, драматург на мјузиклот Маја Стефановиќ, а Дамир Имери е музички аранжер.
Во мјузиклот ќе учествуваат деца на возраст помеѓу 9 и 13 години, кои умеат да пеат и имаат актерски талент. За таа цел ќе се организира аудиција на 21, 22 и 23 септември во просториите на детскиот културен центар „Карпош“.