Во тек се подготовките за првата годинашна премиера на претставата „Кредит“, која ќе биде одиграна во народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес.

Се работи по текст на Жорби Галсеран што ќе го режира Ненад Витанов, а сценографија е на Филип Коруновски. Режисерот Витанов ја опишува како дуодрама, направена во жанрот комедија во која се претставени згоди и незгоди при земање на кредит од банка.

Во претставата „Кредит“ ќе играат актерите Жарко Спасовски и Фаик Мефаиловски. Премиерата е планирана за средината на февруари.