Вчера во салата на „Македонски железници-инфраструктура“, универзитетот ЕСРА организира културно-уметнички хепенинг „Млада Европа на Балканот“, во чии рамки беа презентирани музички, филмски и театарски остварувања од млади творци од сите земји-кандидати за влез во ЕУ. Манифестацијата ја отворија ректорот на универзитетот, Јордан Плевнеш, и Ирфан Асани, директор на „Македонски железници“, а се обрати и амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние. Уметничкиот хепенинг „Млада Европа на Балканот“ традиционално ќе се одржува секоја година на крајот на академската година и со тоа ќе се промовира новиот креативен центар за аудиовизуелни уметности, како резултат на воспоставената соработка меѓу ЕСРА и „Македонски железници“.