Во галеријата „Коџоман“ во Струга е отворена изложбата „Мултиплицирани реалности“ на уметниците Мирко, Лидија и Марко Вујисиќ во организација на музејот „Доктор Никола Незлобински“. Изложени се слики и графики, кои ќе можат да се видат до 30 август. Во овој формат тие изложуваат првпат.

Лидија Вујисиќ е професорка во државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ во Скопје. Досега реализирала 13 самостојни изложби во Македонија и во странство, а учествувала и на 150 меѓународни графички изложби. Добитничка е на 10 награди за графика.

Мирко Вујисиќ е професор на Факултетот за ликовна уметност (ФЛУ). Досега реализирал 24 самостојни изложби, а учествувал на над 150 групни изложби на графика и цртеж. Добитник е на 15 награди за цртеж и графика во земјата и на три меѓународни награди. Нивниот син, Марко Вујисиќ, е млад македонски уметник, кој по завршувањето на училиштето „Лазар Личеновски“, отсек графика, студирал графика на ФЛУ и графика, сликарство во Белград. Завршил и СЕМОС-академија за графички дизајн во Скопје.