Филмот „Северен Пол“ на фестивал од А-категорија освои „гранд аворд“, се квалификува за „оскар“ и доби номинација за Европските награди. Филмот на Марија Апчевска-Петровска, во продукција на „Кино око“, ја освои наградата на 63. издание на ЗИНЕБИ – Меѓународен фестивал на документарен и краток филм во Билбао.
Овој фестивал е единствениот во Шпанија од А-категорија за краток игран и документарен филм што е препознаен од организацијата ФИАФП. Со освојување на оваа награда, филмот се квалификува за наградата „оскар“ што ја доделува Американската академија за подвижни слики, наука и уметност. Исто така, на истиот фестивал филмот „Северен Пол“ ја доби и номинацијата за Европските филмски награди (ЕФА). Филмот „Северен Пол“ учествуваше на повеќе од дваесет интернационални фестивали во светот.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимографка Биљана Гргур, дизајнот на шминката се на Горан Игњатовски, монтажер е Драган Вон Петровиќ, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуча, кастинг Кирија А. Николоска. Продуцент е Роберт Насков.