Одбележувањето на на светскиот ден на музеите денес во Кавадарци започнува во Винскиот музеј за регионот Тиквеш каде од 11 часот е предвидено да се случи ликовен перформанс со наслов „Лозарството и винарството низ историјата“ во кој ќе земат учество повеќе уметници од Друштвото на ликовните уметници на Кавадарци.
Музеј галеријата- Кавадарци традиционално и оваа година зема учество на овој ден со изложбата насловена „Ризница на музејски експонати“, која ќе биде отворена во 12 часот и во која ќе бидат презентиран еден дел од богатата музејска ризници од сите музејски одделенија.

Ќе бидат изложени само неколку ликовни дела од богата збирка што ја поседува музејот, кој брои 201 дело, потоа неколку икони и црковни реликвии, дел од преубавата археолошка збирка, етнолошко катче, оружје и три комитски носии и огромен книжевен фонд од историското одделение. Целта на изложбата е депонираните експонати од сите области на музејската дејност кои имаат непроценлива вредност за населението во Тиквешијата да се доближи до пошироката јавност.

И двата настани ќе се реализираат со строго почитување на протоколите во услови на ковид-19.