Најновата копродукција на продукцијата „Црна мачка“, долгометражниот игран филм ,,Летечкиот циркус“ во режија на Фатос Бериша, ќе има светска премиера на филмскиот фестивал „Црни ноќи“ во Талин, Естонија. Филмот е селектиран во официјалната програма. Oд 2014 година овој фестивал е акредитиран од Меѓународната федерацијата на асоцијации на филмски продуценти за интернационална натпреварувачка програма, со што стекнува статус на фестивал од А-категорија.

Режијата и сценариото се на Фатос Бериша, кој е познат по мегапопуларната ТВ-серијата во Косово ,,Модерна фамилија“ и филмот ,,Крвен притисок“. Фатос е еден од основачите на театарската група ,,Урбан театар-Приштина“, а од неодамна е назначен за уметнички директор на Народниот театар на Косово. Во периодот од 2011 до 2013 година беше директор на Косовскиот кинематографски центар. Директор на фотографија е Алмир Џиколи, монтажата е на Владимир Павловски, сценограф е Арбен Шала, автор на музиката е Огнен Анастасовски, снимател на звук Игор Поповски, а костимите се на Десантила Лика. Улогите ги толкуваат: Армен Смајли, Тристан Халилај, Африм Мучај, Шпетим Селмани и др.
Постпродукцијата на филмот се работеше во Македонија.