Петта самостојна изложба насловена „Vigorous“ на младата уметница Моника Ризовска отворена во „Концепт 37“, на која се претставени повеќе од 40 слики комбинирана техника од масло на платно и акрил.

Според авторката, „Vigorous“ е сублимат од инспирација од секојдневието, со акцент на вибрантна, енергична свежина и спокој преку тиркизните и жолтите бои, а некои од сликите имаат и дополнителна функционалност со додаток на внатрешна амбиентална светлина.

-Секоја слика засебно пренесува убава енергија, ведрина и спокој што во кој било простор освежува и не здосадува, истакнува Ризовска.

Изложбата ќе биде отворена за посетители до 7 февруари.