Саемот на книгата годинава ќе се одржи во салата на спортскиот центар „Борис Трајковски“ бидејќи Скопскиот саем веќе не работи, информира денеска Министерството за култура, како покровител на манифестацијата.

– Нема да дозволиме изумирање на читателската култура, ќе им помогнеме на издавачите и на љубителите на книгата. Саемот на книгата годинава ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“, за што Министерството за култура веќе разговараше со раководството, кај кое постои големо расположение да им се излезе во пресрет на издавачите и на љубителите на книгата и саемот годинава сепак ќе се одржи во нашата најголема сала, која нуди мултифункционални простории и може да се адаптира за манифестацијата – се вели во соопштението од Министерството за култура.