Деветата книжевна дружба и размена на прочитани книги, во организација на Фејсбук групата „Размена на книги“ ќе се одржи на 21 април 2018 година, во Ирскиот Паб на кејот на Вардар, Градски Тровски Центар – Скопје.

-Сите љубители на пишаниот збор, ве покануваме да си ги донесете прочитаните книги и сите убави мисли поврзани со книгите, да ги размениме книгите за нови непрочитани и идеите за нови неоткриени. Настанот и дружбата ќе започнат во 16 часот. Размената на книги ќе започне во 16.45 часот. Не доцнете, за да не пропуштите убави книги, велат организаторите.

Размената на книги ќе започне во 16.45 часот.

– За да бидеме сите фер кон сите останати вљубеници во книгата, да се придржуваме кон двете правила: никој не носи книги за кои знае дека нема да бидат интересни за размена и секој зема онолку книги колку што донел. Секој кој сака да ни се придружи е добредојден, нагласуваат организаторите.