Младата руската пијанистка со светска кариера, Злата Чочиева, на 3 март во црквата „Света Софија“ во Охрид, со почеток во 18 часот, ќе одржи концерт во рамките на програмата на фестивалот „Охридско лето“ како дел од настаните надвор од стандардниот летен термин.

Чочиева е родена во Москва, а живее во Салцбург. Првпат се појавила на сцена на 5-годишна возраст, а дебитирала со оркестар две години подоцна во Големата сала на Московскиот државен конзерваториум. Завршила постдипломски студии кај проф. Жак Рувиер на универзитетот „Моцартеум“ во Салцбург, каде што и е назначена за асистентка во 2013 година. Таа е добитничка на многу меѓународни награди од натпреварувања, настапувала со многубројни големи оркестри. Нејзиното цеде „Комплет етиди на Шопен“ за пијано-класици е избрано како избор на уредникот во „Грамофон“, и е вклучено во листата на 10 најголеми Шопенови снимки.