Издавачката куќа „Антолог“ го најавува објавувањето на романот „Прости ми“ од норвешката писателка Ида Хегази Хојер. Романот е добитник на Наградата за литература на Европската Унија за 2015 година. Преводот на македонски е на Искра Бадева.„Прости ми“ е спонтана љубовна приказна на двајца млади. Приказна за љубовта, но и за тоа како таа згаснува. Ида Хегази Хојер нуди ретроспектива на љубовта што е силна и мрачна, радосна и тажна, великодушна и себична, откривајќи ги грубите и ранливи страни на човекот, механизмите на интеракција, како и можноста за помирување.