Во големата сала од Центарот за култура во Кичево, синоќа концерт одржа гудачкиот квартет Вива Стрингс, насловен „Рок класика“. Концертот се состоеше од изведба на познати нумери на најпознатите пејачи и групи од светот од седумдесетите и осумдесетите години, како АБА, Мајкл Џексон, Ерик Клептон, Квин, Стинг и други.

Стотината присутни со големо внимание го проследија овој концерт, кој како што самите признаа, дека вечерва имаат ретка можност да присуствуват на ваков вид музички настан.

-Вечерашниот концерт на гудачкиот квартет Вива Стрингс, беше прекрасна можност да ги слушнеме светските рок класичари, во изведба на еден гудачки квартет и на еден поинаков начин да се вратиме на времето кога песните на овие пеачи и групи беа хитови во цел свет. Иако нашите сограѓани имаат ретка можност да присуствуваат на ваков вид на концерти, сепак бројното присуство и културата на однесување, покажаа дека и нашите сограѓани се доволно зрели да бидат почесто присутни на вакви и сличнимузички настани -рече по завршувањето на концертот Гоце Матески, рок ветеран од Кичево.

З.А.