­Уште во 1992 година се откриени облици на пејзаж што се крие под легендарната слика „Стуткан просјак“ на славниот шпански кубист Пабло Пикасо, а најновите рендгенски снимки открија дека шпанскиот сликар двапати се премислувал кога ја сликал споменатата слика. Новите научни анализи на големата сино-зелена слика на Пикасо открива детали за чекорите што ги преземал сликарот за да ја заврши работата. На платното претходно имало насликано пејзаж на друг уметник.

Направено со маслени бои во 1902 година Пикасо на истото платно насликал сиромашна жена со зелена наметка со која ѝ се покриени главата, рацете и телото. Кустосите најпрво ги снимиле рендгенските снимки на платното од 1992 година. Металите во боја реагирале различно на рендгенските зраци откривајќи пејзаж насликан од друг автор и во сосема поразличен колорит.

Се покажало дека Пикасо го свртел пејзажот за 90 степени и го обоил. Се чини дека Пикасо бил импресиониран од ова рано дело, бидејќи во својата слика вклучил некои линии од пејзажот. Во текот на работата Пикасо прво сликал жена, а потоа ја претворил во клекнат просјак, како што изгледа денешното платно.