Музејот на Југославија во Белград во текот на 2018 година го посетиле повеќе од 131.000 посетители, со што, како што пренесува дневниот весник „Данас.рс“, е продолжен тригодишниот тренд со кој овој музеј секоја година го посетуваат 10.000 посетители повеќе.

Од музејот соопштиле дека за време на новогодишните и божиќните празници, од 29 декември до 6 јануари, го посетиле над 4.000 туристи од целиот свет, но дека најголем број посетители, вкупно 1.644, имало во неделата на 30 декември.

– На крајот на 2018 година во музејот е отворен и реконструиран повеќенаменски објект за посетители К25, со кој како и во модерните музеи во светот услугата е приспособена на потребите на посетителите. Во рамките на реконструираниот објект има инфопулт, сувенирница, кафуле и тоалети – укажале од музејот, каде што очекуваат до крајот на оваа година да бидат завршени работите на обнова на објектот „Музеј 25 мај“, кој е затворен од ноември 2017 година.