Во рамки на проектот „Нов културен бран“ претставата „Ревизор“ од Гогољ ќе биде одиграна на сцената на повеќе македонски театри. Проектот е финансиран од Министерството за култура, а претставата је играат актерите кои неодамна дипломираа на ФДУ во класата на Мими Таневска Србиновска. Првата средба со публиката ќе биде на 7 ноември во Битола, а ден подоцна во Скопје. На 12 ноември се игра во Куманово, а на 15 во Штип.

Инаку ова е претставата со која дипломците на ФДУ настапија во Хрватска, на фестивалот „Диониз“ на кој учествуваа драмски и кукларски академии од цела Европа, а токму нашите претставници го совоија Гран при. Досега претставата ја имаат играно и на сцената на Драмски театар и на театар „Комедија“ во Скопје и во Прилеп, во оф-програмата на театарските игри „Војдан Чернодрински“.