Операта Лисео во Барселона вчера повторно беше отворена со својот прв концерт уште од средината на март, на кој беа поставени растенија во салата, пренесува „Ен-пи-ар“.

Театарот Лисео ги исполни своите 2.929 места за настап на квартетот „Јучели“, кој го нарече увертира во сезоната 2020-2021. Гудачкиот квартет на својата невообичаена публика се претстави со перформанс на „Хризантема“ на Џакомо Пучини, изведбата што исто така им беше достапна на слушателите преку Интернет.

– После еден чуден, болен период, творецот, уметничкиот директор и кураторот Бланка де ла Торе ни нуди поинаква перспектива за враќање во активност, перспектива што нè приближува до нешто исто толку суштинско, како и нашиот однос со природата – се наведува на веб-страницата на Лисео.

Растенијата потекнуваат од локалните расадници и ќе бидат донирани заедно со потврда од уметникот на 2.229 здравствени работници, поточно во болница во Барселона.

Организаторите напишале дека сакаат на тој начин да се заблагодарат за работата на давателите на здравствени услуги, кои се во борба „на најтешкиот фронт“, во борба без преседан за нашите генерации.