Со вонреден напор и под голем притисок кон комисиите, успеавме да ги селектираме најдобрите проекти за кои единствен критериум беше квалитетот, рече министерката за култура, Ирена Стефоска, на денешната прес-конференција за резултатите од годишниот конкурс за проекти од национален интерес од културата.

На конкурсот биле пристигнати рекордни 6.352 проекти, а вкупниот буџет изнесувал 11 милиони евра.

– Знам дека оваа прес-конференција најмногу ја очекуваат уметниците и културните работници. Сакам да нагласам дека буџетот ни е намален за 3 милиони евра од причини за недомаќинско работење во минатото. Значи, доделени се толку средства со колку што располагавме, односно 11 милиони евра и ние нема да го пречекориме овој буџет – рече Стефоска.

Таа се забалгодари на членовите на комисиите кои одлучувале под голем притисок, но направиле правична и фер селекција.

– Од овој момент одговорноста е моја. Разочарана сум дека добар дел од корисниците на проекти барале средства кои не се разумни и исто така за проекти кои не можат да се завршат во услови на пандемија.Исто така имаше нецелосно пополнети апликации и затоа мора да работиме на висока свест за отчетност. Исто така сум разочарана штро има корисници кои се извештиле да го надмудруваат конкурсот, односно се протнуваат низ дупките на системот – рече Стефоска.

Според неа, на конкурсот се појавувале исти лица, во различни функции и практично си конкурирале на самите себе.

– Неретки се оние кои аплицираат со проекти со кои веќе биле поддржани и други неправилности. Во ваква комплексна атмосфера моравме да обезбедиме правича дистрибуција. Критерумите беа квалитетот, релевантност, поддршка на млади и оригинални автори, маргинални групи и тоа со реално вреднување на трудот. Мултикултрноста е срцето на нашата земја, но мора да се одлучува по квалитет, а не припадник на етничка заедница. Ме радува фактот дека има проекти за деметрополизација на културата, овој конкурс не може да ги реши сите проблем, но ова е првиот чекор за усовршување на целиот систем – рече Стефоска.

Таа апелираше дека најбрзо треба да биде донесен новиот Закон за јавен интерес кој го очекуваат 3.500 корисници. Исто така, нагласи дека роковите за завршување на проектите ќе бидат пролонгирани, бидејќи се земени предвид условите со пандемијата.


Кај сите нас е одговорноста за губењето на статусот на УНЕСКО за Охрид

За да одговориме на препораките и барањата на центарот за заштита на свесткото култрно наследство од УНЕСКО, одговорноста мора да ја понесеме сите, рече министерката за култура, Ирена Стефоска.

– Охрид и охриидскиот регион мора да стане национален стратешки приоритет, точка на обединување, и само така сите заедно можеме да одговориме на препораките и барањета од Центарот за светска заштита на УНЕСКО. Не амнестирам никого од одговорност, но за жал има институции кои не си ја завршуваат работата – рече Стефоска.

Дивоградбите во Охрид и негрижата за недвижното култирно наследство беа посочени од Комисијата на УНЕСКО како најголема причина Охрид да го загуби статусот и да биде избришан од листата на светско културно наследство.