Четири професорки од Катедрата за италијански јазик и книжевност при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ беа свечено одликувани од амбасадорот Карло Ромео. Професорките Анастасија Ѓурчинова, Радица Никодиновска, Александра Саржоска и Љиљана Узуновиќ го добија одликувањето „ред на ѕвездата на Италија“. Како што велат од италијанската амбасада, одликувањата се доделени за огромни заслуги во текот на изминатите години за промовирање на италијанскиот јазик и култура.
Катедрата за италијански јазик и книжевност важи за најактивна во државава при промовирањето на јазикот што го изучува преку организирање разни манифестации во текот на целата година, а италијанската амбасада несебично се вклучува во повеќето проекти.
„Редот на ѕвездата“ е одликување воведено во 1947 година.