Промоција на книгата „Тихување“ од Тихомир Јанчовски ќе се одржи вечерва, во „Салон 19,19“, со почеток во 19.19 часот. Книгата е избор од сите осум објавени поетски книги, во периодот од 1999 до 2019 г. Тоа е јубилејна книга по повод 20-годишнината од објавувањето на првата поетска книга на авторот. Во неа има и неколку нови песни, од збирката „Пред некое време“, која ќе излезе следната година.
Книгата ќе ја промовира Елизабета Шелева, а извадоци ќе читаат Дарко Јан Спасов и Игор Трпчевски.