Стихозбирката „Допирот на времето“ од Моника Стојанова ќе биде промовирана вечер од 20 часот во Домот на културата „Кочо Рацин“.

Тоа е прва поетска книга на младата авторка, која досега има објавено пет прозни дела. Збирката содржи творби напишани во строгите поетски форми сонети и сонетен венец.

Рецензент и промотор на делото е проф. д-р Кристина Николовска од Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Настанот ќе биде збогатен со настап на виолинистката Пламенка Трајковска и на танцова двојка од Центарот за модерни и спортски танци „Прима данца“.