Промоција на електронската книга, збирка на кратки драми „Сирота мала богата драма“ ќе се одржи денеска на меѓународниот фестивал „Сараевска зима“.

Како промотор на книгата, на фестивалот ќе учествува Иванка Апостолова Баскар (раководителка на Македонскиот центар на ИТИ), која е наедно и иницијаторка и уредничка на книгата. „Сирота мала богата драма“ претставува електронската книга/збирка на 11 кратки драми на современи македонски автори.

Промоцијата ќе се одржи во Музичкиот павилјон (Мејдан), а организатори на фестивалот се Ибрахим Спахиќ и неговиот тим од Меѓународниот центар за мир.
Фестивалот се одржува под покровителство на градот Сараево, кантонот Сараево, генерален директорат на УНЕСКО.
Фестивалот е формиран во 1984 година.

Книгата „Сирота мала богата драма“ е дистрибуирана и дигитално промовирана во 14 електронски библиотеки во Европа и во светот.