Илустрираниот роман за деца „Традицијата низ перото на баба“ од авторот Јадранка Клисарова вечер ќе биде промовиран во книжарницата „Тримакс“ во ТЦ „Скопјанка“.

Делото го издаде издавачката куќа „Тримакс“, а рецензент е унивиерзитетската професорка Јасна Котеска.

Според издавачот, пожелно е секое семејство во својата домашна библиотека да го има овој роман за деца. Со него децата од најмала возраст може да се запознаат со нашата богата традиција, која е претставена низ христијанските празници и обичаи кои ги применува семејството.