Во свечената сала на МАНУ, денеска, со почеток во 12 часот, ќе се одржи промоција на четири романи објавени на хрватски јазик од писателот и академик Луан Старова.

За овие романи и балканската книжевна сага ќе говорат Елизабета Шелева и Ферид Мухиќ. Во Париз и во Софија од неа се објавени пет романи, во Турција четири, во САД и во Италија три романи. За делата од оваа сага се бранат докторски дисертации, се пишуваат монографии, а пишувале и критичари и мислители, како Едгар Морен, Гонкуровецот Морис Друон, Предраг Матвејевиќ, Ален Боске, Васили Василикос, Антон Дончев, Исмаил Кадаре и други.