Книгата „Парадигмата на Кутеловата критика“ од Бардул Заими ќе биде промовирана в среда, 20 ноември, во „Салонот 19.19“ на Културно-информативниот центар. Станува збор за студија за критичката продукција на албанскиот писател и критичар од 30-тите години на минатиот век Мутруш Кутели. Бардил Заими е писател, поет, публицист, а досега има објавено неколку книги од областа на литературата и културата.

Книгата ќе ја промовираат Салајдин Салиху и Ахмед Селмани, а делови од делото ќе чита авторот.