Македонскиот музичар и композитор Дуке Бојаџиев денеска во ноќниот клуб „Станица 26“ ќе го промовира најновиот студиски албум „Синергија“.

Албумот содржи 10 музички нумери, а може да се преслуша на неговата веб страница www.dukeb.com.

– Станува збор за модерна фузија на филмска и електронска музика, зачинета со елементи на фламенко, црковно пеење од 12от век во Германија и индиски изворни мотиви, кои создаваат терапевтска атмосфера. Инспирирано, напишано и испродуцирано во Њујорк, градот каде сите култури, истории и цивилизации се вкрстуваат, сето тоа видено низ една моја перспектива, како електро-акустична фузија на целото мое досегашно музичко и животно искуство, вели Бојаџиев.

Според него, некои нумери се зачнати уште пред повеќе од 10 години, но финалните аранжмани и продукција се финализирале изминатите три години.