Денеска во Пробиштип ќе се одржи промоција на монографија „Генерациско заедништво и почит“, спомен-книга на генерацијата ученици од Рударското геолошко техничко училиште (РГТУ) од Пробиштип. Станува збор за монографија на ученици од учебната 1968/69 година до 1973 година, кои годинава одбележуваат 45 години од матурирањето.

Автор на монографијата е Стојан Стефановски Лесновски, новинар и публицист од Пробиштип, наедно и професор на оваа генерација. Ова е негова десетта монографија за пробиштипскиот и за лесновскиот крај.
Промотор на монографијата насловена „Генерациско заедништво и почит“ ќе биде театарскиот и филмски артист, Страшо Милошевски, член на оваа генерација.