Во просториите на Клубот на љубители на книгата при „ЗП Солидарност – Аеродром“, разгранок Аеродром, денеска, со почеток во 18 часот, ќе биде промовирана книгата „Македонија во рингот“ на новинарот Александар Димковски, главен и одговорен уредник на „Нова Македонија“. Промотори се Ефтим Клетников и Александар Прокопиев, извадоци ќе чита актерот Кирил Псалтиров, а Клубот на љубители на книгата е и организатор на промоцијата.