Сликовницата „Лисиче“ од холандскиот автор за деца Едвард ван де Вендел и илустраторката Маријe Толман, чиј издавач е „Чудна шума“, ќе биде вечерва промовирана со почеток во 19 часот, на Зелениот покрив на домот на културата „Кочо Рацин“. Од сликовницата ќе читаат Ања и Ева Мицкоски, а промоторка и едукаторка на креативната работилница, која ќе се одржува на истото место, е писателката Билјана Црвенковска.

Работилницата е отворена за сите заинтересирани мали креативци на возраст од 4 до 8 години, а на неа ќе може да се црта, пишува, бои…