Промоција на стихозбирката „Крстна коска“ од Наташа Сарџоска ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот во бифето на Младинскиот културен центар.

Книгата е во издание на „ПНВ Публикации“, промотор ќе биде Димитар Пандев, стиховите ќе ги чита самата авторка, а гостинка ќе биде Ема Величковска.

Наташа Сарџоска (1979, Скопје) е поет, писател, есеист, антрополог, преведувач и перформер. Има докторирано антропологија на Карлс Еберхард во Тубинген, на Универзитетот во Бергамо и на Нова Сорбона во Париз.

Авторка е на пет поетски книги: „Сината соба“, „Кожа“, „Тој ме повлече со невидлив конец“, „Жива вода“ и „Крстна коска“, како и на бројни есеи и раскази.

Збирката „Крстна коска“ годинава беше влезена во тесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“, која се доделува на фестивалот Струшки вечери на поезијата.