Издавачката куќа „Готен“ утревечер, со почеток во 20 часот, во „Кино Култура“ ќе одржи промоција на поетската збирка „Кога љубовта се троши како креда“ од Лулзим Хазири. Промотори на изданието ќе бидат академик Луан Старова и Салајдин Салиху. Преводот на песните од македонски на албански јазик е на Линдита Ахмети.

Поезијата на Лулзим Хазири е преведена на неколку јазика, застапена е во неколку национални и странски антологии. За неговото дело пишувале албански и странски критичари. Наречен е „поетот созреан со рокенрол, кој стои од другата страна на нормите“. Досега објавил 4 збирки поезија и две книги со есеи и колумни. Песните му се преведени на англиски, француски, романски, хрватски и македонски јазик. Активен е по полето на заштитата на човековите права.