Промоција на книгата „Припитомување на кучката“ од Венко Андоновски

Новата книга на Венко Андоновски „Припитомување на кучката“ ќе биде промовирана вечерва во клуб-ресторан „МКЦ“ во 19 часот.

„Припотомување на кучката“ е уште едно врвно дело кое го потврдува прозното мајсторство на Венко Андоновски, еден од најдобрите македонски раскажувачи, наведува издавачкиот центар „Три“.

Венко Андоновски се јавува по подолго време со жанрот преку кој и стана познат во нашата книжевност – краткиот расказ. Со оваа книга раскази, која доаѓа по исклучителниот „бестселерски“ успех на неговите романи „Папокот на светот“ (15 изданија) и „Вештица“ (9 изданија), како и по успехот на неговите драми, особено „Олово на перница“, „Генетика на кучињата“, „За секого има по една“ и „Господарот на кукавицата“, Андоновски се враќа на прозниот минимализам.