Во сабота, на 28ми септември, во Музејот на град Скопје во Скопје ќе се одржи промоција на маркантната книга за личен развој „Да се живее поинаку“ од Д-р Снежана Џамбазова –Попорданоска.

Исполнета со одговори на најзначајните прашања од животот како и практични, научно-засновани техники како да се надмине стравот, страдањето и емоционалната болка и проткаена со оригинални поетски творби поврзани со тие прашања, книгата „Да се живее поинаку“ ќе им помогне на читателите да го пронајдат својот внатрешен мир и радоста на живеењето.

Книгата е базирана на долгогодишни научни истражувања на авторката во областа на
психологијата и личниот развој, како и на нејзиното богато професионално искуство во Мелбурн, Австралија со пациенти од различни култури, националности и религии од повеќе од сто земји во светот.

Книгата „Да се живее поинаку“ е преведена на англиски јазик (англискиот наслов е „Another Way оf Living“) и има одлични критики и осврти од страна на читателите ширум светот.