„Блаже Конески присутен и во македонската драматургија“ од драмскиот автор Зоран Пејковски, редовен академик на Руската федерација, драматург, публицист, писател, ќе биде промовирана денеска од 13 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Книгата зборува за творештвото на Конески од агол кој не е често користен, издание кое е значајно и според предметот на истражувања и според резултатите кои ги нуди – вели д-р Мишел Павловски.

Промоцијата ја реализираат ЦК „Марко Цепенков“ и општина Прилеп по повод 100 години од раѓањето на кодификаторот на македонскиот јазик Блаже Конески.

Зоран Пејковски е автор на над 20 драмски дела, на над 20 поетски книги, еден роман, 3 публицистички книги, 4 научно истражувачки книжевни дела од областа на театрологијата и на над 20 трудови од областа на научната мисла, на литературни критики и на рецензии за книжевни дела и театарски изведби. Добитник е на повеќе домашни и странски награди, а во 2018 година се стекнува со титулата Европски писател на поезијата и уметноста што ја доделува Номинациската комора за награди од Брисел при ЕУ. Ка.М.