Вечерва 20 часот во „Кино култура“ ќе се одржи промоцијата на романот „Земја на бегалци“ од Кица Колбе, кој излезе неодамна во издание на „Или-или“. Разговорот со авторката ќе го води Владимир Јанковски.

За „Земја на бегалци“, Лидија Капушевска-Дракулевска напиша: „Централна тема е разорната сила на војната и бегството, која не ги остава на мир оние што се спасиле, но напуштиле и изгубиле сѐ, затоа што останале трауматизирани, со чувство на вина, со постојан страв, со чувство на неприпадност. За овие, во светската литература толку актуелни теми, многу малку е пишувано во македонската литература“.