Денеска, во 12 часот, во Културно-информативниот центар ќе се одржи промоција на поетската книга „Здив“ во издание на „Феникс“ и ќе биде отворена изложба на слики од Христо Петрески. „Здив“ содржи шест циклуси и вкупно 74 песни. Во неа има графички и содржински иновации и експерименти, а на тематско-мотивски план се опфатени: градот, современието, животот, зборот, сликата… Петрески активно се занимава со сликарство од 2010 година и досега има одржано седумнаесет самостојни ликовни изложби во Македонија, Србија. Пишува ликовна критика и автор е на книгата „Ликовната уметност е она што (не) се гледа“.

Книгата ќе ја промовира Кристина Николовска, за ликовното творештво ќе зборува Кирил Темков, а стихови од книгата ќе чита авторот.