Промоција на новата книга „Ехо на слободата“, на авторката и новинарка Ана Јовковска, ќе се одржи вечерва, во 20 часот, во Битола, во локалот „Порта џез“. Настанот е насловен „Танго со слободата“, а главни протагонисти ќе бидат поетот и промотор Дарко Лешоски и авторката Ана Јовковска. Рецензенти на книгата се писателите и професори Владимир Мартиновски и Ана Мартиноска. Илустрацијата на корицата е на уметникот Ване Костуранов.

Книгата „Ехо на слободата“, која е издание на издавачки центар „Три“, беше меѓу најпродаваните книги на Саемот на книгата во Скопје. Првиот тираж е распродаден во рекорден период од месец и пол и во Битола доаѓа второто издание.