Вечерва, во 20 часот, во бифето на Младинскиот културен центар во Скопје, ќе се одржи промоција на книгата „Дневникот на една планинарка“ од Калина Велевска.

Книгата содржи избор од текстови што беа објавувани на порталот „Мис“, како своевиден дневник, во кои Калина ги пренесуваше своите впечатоци од планинарските тури во Македонија, но и во соседните земји.

Калина Велевска (1990), дипломирана правничка, вработена во Основното јавно обвинителство, трагично го загуби својот живот, заедно со Александар Миновски, на 10 февруари 2018 година на Кајмакчалан.

Книгата е во издание на „Репро принт“, издавачката куќа, која го издава и дневниот весник „Нова Македонија“, каде што Велевска еден период соработуваше како новинар-почетник.