Со две дела денеска точно напладне, во салата „Империјал 1“ на Културно-информативниот центар во Скопје, ќе се претстави авторката Ленка Попоска-Гогоска. Промоција ќе доживеат две нејзини дела, првото е збирка раскази „Чувства и разум “, а второто е роман, последно отпечатено дело, а прво напишано на српски јазик „Шапат истине“.

Ленка Попоска-Гогоска е авторка на над 30 педагошки дела, кои се наменети за наставници, учители, професори, директори и ученици. Оваа промоција е насловена „Зачувување на семејните и духовните вредности во романите на авторката Ленка Попоска-Гогоска“, за што ќе зборуваат Елизабета Ивановиќ, психолог, и Татјана Гогоска, авторка и комуниколог.