Денес во големата сала од Домот на градежници во Скопје, ќе биде промовирана втората книга од едицијата „Трагачи по парадокси“, која од печат излезе кон крајот на минатата година. Скопје ќе биде четвртата станица на овој алманах на афоризми во земјава а истата доживеа балканска промоција во Белград и Темишвар, Романија.

– Денес во Домот на градежници во Скопје, ќе биде промовирана втората книга од едицијата „Трагачи по парадокси“. Оваа книга е дело создадено од 28 афористичари од осум европски земји а истата содржи над 2000 афоризми. Книгата е издадена на два јазика, македонски и српски. Сатиричарите што партиципираат во оваа книга се автори на над 500 дела и се меѓу најнаградуваните во светот. Покрај во нашата земја, оваа книга наскоро ќе биде промовирана и во соседството – истакна Миле Ѓорѓиоски, промотор на оваа книга, кој е еден од авторите на дел од афоризмите во истата и селектор на афоризмите од овој колективен труд. Книгата ќе има пролетна промоција во повеќе градови во Србија и Бугарија, Ниш Лесковац, Софија , Варна и др.