Научниот труд „Историјата и културата на Кратово и кратовско од најстарите времиња до денес“ од магистерот Илија Митевски, директор на Музејот на Град Кратово, како и деветтото издание на „Музејски гласник“ составено од статии од различни автори, беа претставени на промоцијата што се одржа денеска во просториите на Музејот на град Кратово.

Промотори на научниот труд беа проф. д-р Маргарита Пешевска, проф д-р Новица Велјановска и проф д-р Борче Илиевски, а водителка на настанот беше Лиде  Стојановска. Промоцијата музички ја збогатија Кратовските тамбураши кои настапија со неколку кратовски староградски песни.

На промоцијата присуствуваа претставници од музејски институции, како и  претставници од Здружението на просветни работници и литературни творци на Македонија, меѓу кои беа Драгица Пандиловска, Рина Ристева-Николова, Горан Анчевски и Јован Мазгански. В.Т.