Поетската збирка „Триптих љубов“ од Ставре Џиков денеска беше промовирана во Порта Македонија.

– Покрај мојот професионален ангажман, од седум наутро до три попладне, покрај напорната работа и големите ангажмани, стресна професија, сакав да се посветам на пишувањето и тогаш ми доаѓа еден друг свет, и тогаш едноставно барам духовен вентил за изразување за она што го замислувам за светот, она што ни се случува како луѓе и да се тргнам од секојдневните дневни проблеми – вели Џиков.

Тој додава дека токму пишаниот збор е она што останува, по кое луѓето се паметат.

– Љубовта е она што се проткајува во поезијата на Џиков – ќе рече промоторот Александар Прокопиев, кој исто ќе додаде дека она што луѓето ќе го напишат, останува за идните генерации.